Човечки библиотеки
Завршен проект

„Биди активна – биди гласна!“
Завршен проект

Активни жени –
отчетни власти

Проектните активности се во насока на зголемување на влијанието на жените во процесите на планирање на локални политики и донесување одлуки. 

Локални консултативни механизми за ИПА 2
Да се зголеми вклученоста на локалните актери во механизмите за донесување одлуки поврзани со процесот на пристапување во ЕУ. 
Заштита на жртви на семејно насилство
Цел: Да се обезбеди сеопфатна грижа, психо-социјална и правна поддршка и застапување, како и третман на жртвите на семејното насилство од Општина Струмица и останатите населени места во Југоисточниот регион. 
Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки
Целта на овој проект беше да се придонесе кон зголемување на информирањето и едукацијата на жените за нивно поголемо учество во креирање на локалните политики и во процесите на одлучување во општина Струмица. 
Застапување на родово инклузивни локални буџети
Цел: Унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво. Примена на застапувачки акции за воведување и финансирање мерки кои соодветствуваат на приоритетите на жените од локалната заедница. 
Социјална отчетност за родова еднаквост
Цел: Да се формира национална граѓанска мрежа заради унапредување на општествената одговорност за родова еднаквост. Најмалку шест организации членки на мрежата ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените.
Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме
Цел: Да ја поттикне и афирмира интеграцијата на лицата со попреченост во културниот живот во општина Струмица.