РАБОТИЛНИЦИ ЗА РАЗВОЈ НА МОДЕЛ ЗА ТРАНСПАРЕНТНА И ОТЧЕТНА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

Во текот на април и мај 2025 година, беа одржани три работилници со цел унапредување на практиките на Општина Струмица за финансиска поддршка на граѓанските организации и иницијативи во областа на културата.
Преку инклузивен и консултативен процес беа идентификувани силните страни, предизвиците и потребите на граѓанските организации, независните уметници, културните работници, како и на општината и Советот на Општина Струмица.
Низ интерактивна работа и отворена дискусија, членовите на новоформираната неформална работна група ги поставија темелите за развој на три методологии:
  • за поддршка на граѓанските организации,
  • за културни проекти,
  • и за партнерски организации кои добиваат финансика поддршка од буџетот на Општина Струмица.
Овие активности се спроведоа во рамки на проектот „Активни за транспарентно и одржливо финансирање на граѓански организации (ГО)“, кој има за цел да придонесе кон поефикасен, транспарентен и отчетен систем на финансирање проекти во Општина Струмица.
Проектот е поддржан со ад-хок грант на регионалниот проект „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Галерија