СРЕДБА ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ КРУЖОЦИ ОД СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН

Во прекрасна и опуштена атмосфера, на Габровските водопади, ја реализиравме средбата за вмрежување на Женските кружоци од Добрејци, Дабиле, Сачево, Муртино, Босилово и 6-та и 8-ма месна заедница од Струмица.
Имавме продуктивни разговори и едукација, споделивме информации, а спроведовме и еколошка акција – чистење на просторот кај водопадите.

Имавме прекрасни активности:
Краток брифинг за активностите и принципите на националниот Женски кружок;
Споделување инфо за статусот на приоритетите на женските кружоци;
Едукација за важноста на родовата еднаквост;
Креативни пораки на подмалдокот на организацијата за ненасилство помеѓу младите, за толеранција, почитување и љубов;
Грижа за околината (чистење на патеките и летниковците на Габровските водопади).

Активноста е поддржана од Акција Здруженска во рамки на проектот „Активни жени - Отчетни власти III", финансиран од Шведска преку The Kvinna till Kvinna Foundation