ЗАВРШЕН НАСТАН – МЛАДИНСКИ ФЕСТ „СПОДЕЛИ, ЗАШТИТИ СЕ!“

На 25 ноември 2023 година, успешно беше реализиран завршниот настан во рамки на проектот „#Сподели, заштити се!“.
На Младинскиот фест беа изложени прекрасните цртежи кои ги изработија младите против насилството на онлајн просторот, а беше промовирано и видеото за текот на креативните работилници.
Младите учесници уште еднаш порачаа дека е потребна континуирана едукација за препознавање на сајбер насилството и за безбедно користење на интернет просторот, но и градење на повеќенасочна комуникација помеѓу сите засегнати страни, заснована на меѓусебна доверба и безбеден простор за споделување на искуствата.
Проектот „#Сподели, заштити се!“ е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Галерија