РАБОТИЛНИЦА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА РАМНОПРАВНОСТ ВО НОВО СЕЛО

Во рамки на проектот „Унапредување на родовата рамноправност во Ново Село“, реализирана е работилницата за подобрување на еднаквите можности меѓу жените и мажите, преку јакнење на знаењето на засегнатите страни за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики.
Претставници на Советот на општината и жени – активистки од Ново Село, го подобрија своето знаење за концептот на родовата еднаквост и за развој на родoво сензитивно планирање, креирање, спроведување, мониторинг и евалуација на мерките и активностите на програмите и политиките за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво.
Проектот „Унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село“  е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.