ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА АМАТЕРСКИ ЦРТЕЖИ, МЛАДИТЕ АКТИВНО СЕ ВКЛУЧИЈА ВО БОРБАТА ПРОТИВ САЈБЕР НАСИЛСТВОТО

Во текот на септември успешно беа спроведени креативни работилници, на кои 21 младо лице изработија аматерски цртежи со пораки против насилството на онлајн просторот и пораки за последиците од истото врз севкупното здравје, со посебен акцент врз здравјето на младите девојки.
Работилниците се спроведоа во рамки на проектот „#Сподели, заштити се!“, а истите беа водени од страна на реномираниот професор на Факултетот за образовни науки во Штип, Никола Смилков.
Проектот „#Сподели, заштити се!“ е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.