ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ИНФОРМАТИВНО - ЕДУКАТИВНО ВИДЕО ПРОТИВ НАСИЛСТВО НА МЛАДИТЕ НА ОНЛАЈН ПРОСТОРОТ

Организација на жени од Струмица, во рамки на проектот „#Сподели, заштити се!“, објавува повик за изработка на информативно - едукативно видео кое ќе биде дел од кампањата за застапување и заштита од насилство на младите на онлајн просторот.
Проектот „#Сподели, заштити се!“ е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Повикот е отворен за физички и правни лица.
ВИДЕО
Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 1 (едно) кратко видео со креативни решенија за афирмирање и промоција на ненасилство помеѓу младите на онлајн просторот, со елементи од учество на млади лица на креативни (арт) работилници, елементи од завршен настан (Младински фест), изјави од целни групи и кратка информативно – едукативна содржина за поимот сајбер насилство и штетните последици од истото.
Видеото има за цел да ги информира младите и целокупната јавност за превентивните мерки што треба да се преземат за заштита на младите од насилство на онлајн просторот, со посебен акцент на заштита на девојките/девојчињата.
Максималното времетраење на видеото е потребно да изнесува 3 (три) минути, во верзија погодна за споделување на телевизии, социјални медиуми и на интернет стрницата на Организација на жени од Струмица.
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со тимот на Организација на жени од Струмица.
Опсег на работа и клучни задачи
Разработка на креативен и идеен концепт – во соработка со тимот на Организација на жени од Струмица;
Снимање, постпродукциска обработка, монтажа, графичка и звучна обработка;
Редовна комуникација со тимот на Организација на жени од Струмица.
Временска рамка
• Координативен состанок до 31 август 2023
• Достава на пред – финален продукт до 15 ноември 2023
• Достава на финален продукт до 20 ноември 2023
Избор и начин на плаќање
Изборот ќе биде извршен врз основа на пристапот „најдобра вредност за парите“.
Плаќањето ќе се изврши на две рати. Првата исплата ќе се изврши по потпишувањето на договорот, а втората после успешното завршување на задачите и доставување на испораките.
Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ (Потврда од Секретаријат за европски прашања и Решение за регистрација на даночен обрврзник од УЈП) со што понудувачот, доколку е правно лице, должен е да обезбеди понуда која не вклучува ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, во рамки на понудената сума потребно е да се пресмета и персоналниот данок.
Организација на жени од Струмица го задржува правото да задржи дел од плаќањето ако работата е незадоволителна, ако работата / резултатите се нецелосни, не се испорачани или не се исполнети роковите. Сопственост
Продуктот( видеото) кое ќе произлезе од ангажманот ќе остане во сопственост на Организација на жени од Струмица. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Организација на жени од Струмица.
Како да аплицирате
Сите заинтересирани субјекти треба да изразат интерес за учество на повикот најдоцна до 29 август 2023 година на следната електронска адреса info@ozstrumica.org.mk со назнака „Изразување интерес за изработка на информативно – едукативно видео во рамки на проектот #Сподели, заштити се!“.
Доколку имате прашања во врска со темата, контекстот, начинот на аплицирање или било што околу повикот, контактирајте не на горенаведената меил адреса.