-
01.12.2022
-
Активности, Огласи
Повик за изработка на промотивни видеа
Организација на жени од Струмица објавува објавува повик за изработка на три кратки промотивни видеа кое ќе бидат дел од кампањата за подигање на свеста кај локалните власти и јавноста во општините Струмица, Радовиш и Ново Село за важноста на родовиот концепт во политиките и програмите на локално ниво и нивната улога во процесот на пристапувањето во ЕУ.
Отворениот повик за подготовка на видео содржините е за потребите на проектот „Together toward gender responsive communities” („Заедно кон родово одговорни заедници“), суб-грантиран од Реактор – Истражување во акција во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка, Организација на жени од Струмица објавува повик за ангажирање на:
Повикот е отворен за физички и правни лица.
ВИДЕА
Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 3 (три) кратки видеа. Едното видео треба да ги прикаже клучните наоди од истражувањето во горенаведените општини, а останатите две треба да допринесат кон подигање на свеста кај локалните власти за воведување на принципот на родова рамноправност во целокупниот буџетски процес. Покрај тоа, видеата имаат за цел да ја информираат целокупната јавност за родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.
Максималното времетраење на едно видео е потребно да изнесува 90 секунди во верзија погодна за споделување на социјалните медиуми.
Видеата е потребно да содржат креативни решенија, илустрации, анимации – во зависност од изборот на креаторот – кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги прикажат содржините.
Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим на Органзиација на жени од Струмица, кој ќе ги селектира подготвените наоди и информации.
Опсег на работа и клучни задачи
Разработка на креативен и идеен концепт – во соработка со проектниот тим на Организација на жени од Струмица;
Снимање, постпродукциска обработка, монтажа, графичка и звучна обработка;
Редовна комуникација со тимот на Организација на жени од Струмица.
Временска рамка
• Координативен состанок до 15 декември 2022
• Достава на пред – финален продукт до 25 декември 2022
• Достава на финален продукт до 30 декември 2022
Надомест
Вкупниот, бруто, надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 73.704 (седумдесет илјади и седумстотини и четири) денари. Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ (Потврда од Секретаријат за европски прашања и Решение за регистрација на даночен обрврзник од УЈП) со што понудувачот е должен да обезбеди понуда која не вклучува ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, во рамки на горенаведената сума потребно е да се пресмета и персоналниот данок.
Изборот ќе биде извршен врз основа на пристапот „најдобра вредност за парите“. Плаќањето ќе се изврши по успешното завршување на задачите и доставување на испораките.
Организација на жени од Струмица го задржува правото да го задржи целиот или дел од плаќањето, ако работата е незадоволителна, ако работата / резултатите се нецелосни, не се испорачани или не се исполнети роковите.
Сопственост
Продуктот( видеата) кое ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на Организација на жени од Струмица. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Организација на жени од Струмица.
Како да аплицирате
Сите заинтересирани субјекти треба да изразат интерес за учество на повикот најдоцна до 12 декември 2022 година на следната електронска адреса info@ozstrumica.org.mk со назнака „Изразување интерес за изработка на три промотивни видеа“.
Доколку имате прашања во врска со темата, контекстот, начинот на аплицирање или било што околу повикот, контактирајте не на 075 652 017 или на горенаведената меил адреса.