Претставници на Организацијата на жени од Струмица остварија средба со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на која се разговараше за потребата од воспоставување јасен, транспарентен и правичен систем за финансиска поддршка на граѓанските организации од општинскиот буџет.
Во текот на април и мај 2025 година, беа одржани три работилници со цел унапредување на практиките на Општина Струмица за финансиска поддршка на граѓанските организации и иницијативи во областа на културата.
Организација на жени од Струмица во рамки на иницијативата „Активни за транспарентно и одржливо финансирање на граѓански организации (ГО)“, објавува повик за ангажирање експерт/ка за изработка на методологија за финансиска поддршка на граѓански организации во општина Струмица.
Млади девојки и претставнички на граѓански организации од четири општини (Струмица, Радовиш, Демир Капија и Гостивар), учествуваа на ФЕМ Кампот за развој на програма за млади едукаторки во областа на родовата еднаквост.
Организација на жени од Струмица, во рамки на проектот„Активни млади за еднакви можности“, објавува отворен повик за 11 учесници и еден младински лидер за младинска размена која ќе се спроведе од 21 до 29 март 2024 година во Струмица.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.