Унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село

Општа цел: Воспоставување механизми за партиципативно креирање на мерки за унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село
Специфични цели
СЦ1: Зајакнати капацитети на координаторка за еднакви можности и КЕМЖМ за родовиот концепт и за воведување на родовата компонента во процесите на програмирање и буџетирање
СЦ2: Зголемено знаење и учество на жените во процесот на планирање мерки за намалување на родовата нееднаквост во општина Ново Село
Очекувани резултати
Р1. Идентификувани потреби и приоритети на жените во општина Ново Село
Р2. Претставниците на ЕЛС на општина Ново Село (координаторка за еднакви можности и членови на КЕМЖ) и најмалку 4 жени имаат зголемено знаење за концептот на родова еднаквост
Р3. Координаторката за еднакви можности и КЕМЖМ имаат стекнати знаења и вештини за интеграција на родовиот концепт во процесите на програмирање и буџетирање
Р4. Шест претставници на ЕЛС на општина Ново Село (координаторка за еднакви можности и членови на КЕМЖМ) имаат зајакнати капацитети и знаења за нивната улога и надлежности
Р5. Развиени најмалку 5 мерки и воспоставени родови индикатори во рамки на Програмата за еднакви можности на Ново Село за 2024 година
Р6. Изработена и усвоена Програма за еднакви можности за 2024 година
Проектот „Унапредување на родовата рамноправност во општина Ново Село“ се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).