#Сподели, заштити се!

Проектот „#Сподели, заштити се!!“ нуди иновативен модел за превенција и заштита во напорите против вознемирување на девојките на интернет просторот, преку директно вклучување на младите лица во активностите, што создава можност за понатамошен граѓански ангажман на млади активисти – промотори на политики базирани на ненасилство врз жените и девојките.
Општа цел: Да ја поттикне и афирмира интеграцијата на младите луѓе во политиките за заштита и превенција од насилство на онлајн просторот.
Специфична цел: Зголемена свест кај младите и институциите за потребата од преземање на ефикасни мерки за превенција и заштита од сајбер насилство и за последиците од злоупотреба на интерент просторот.
Очекувани резултати
Р1. Подигната свест кај младите за последиците од насилството во онлајн просторот
Р2. Зајакнати капацитети на младите луѓе за граѓански ангажман за превенција и заштита од онлајн насилство
Р3. Анимирани претставници на институциите на локално ниво за важноста од вклучувањето на младите луѓе во заеднички акции во зедницата
Проектот „#Сподели, заштити се! се имплементира со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (НМНР).