"Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме"

Со синоќешната претстава „Кралството на Снежана и џуџињата“ во Центарот за Култура „Антон Панов“, беше заокружена прекрасната бајка од проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“.
Претходно, присутните имаа можност да го погледнат и краткометражниот филм, како и изложбата од фотографии. Нашите најмили, децата со пречки во развојот, како и децата од ООУ „Никола Вапцаров“, во изминатите месеци беа повеќе од успешни, секој извршувајки ја својата улога. Најголемата улога беше исполнета, а таа гласеше: Љубов и другарување!!! Сепак, синоќа децата беа и вистински глумци, а публиката, која беше присутна во огромен број, ги награди со емоции и голем аплауз.
Преку проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме" покажавме во какво општество треба да живееме, а тоа е општество на социјална инклузија на лицата со попреченост и општество во кое има место за сите.
Упатуваме најголема благодарност до нашите учесници, нашите најмили! Синоќа сонот стана јаве!!!
Проектот е финансиран од Европската Унија, имплементиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија и Центарот за развој на локална демократија.
Носител на проектот е Организација на жени Струмица во партнерство со здружението за помош и поддршка на лица родени со даунов синдром Вера од Струмица.
„Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“ е дел од Проектот „Граѓанско учество за локална демократија“.