„Биди активна – биди гласна!“

Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на учеството и влијанието на жените во процесите на креирање политики, буџетирање и носење одлуки на локално ниво за создавање на подобри услови за живот во нивните заедници. 
Краткорочни цели:

1. Градење на капацитетите на жените за мобилизација и активно учество во процесите на планирање, буџетирање и донесување одлуки на локално ниво

2. Јакнење на капацитетите на локалните жени за застапување на нивните потреби пред локалните власти и интегрирање на истите во буџетите на општините за 2022 година
Активности

А.1 Средби со жени во две локални заедници – Општина Струмица и Општина Босилово
А.2 Идентификување на проблемите и потребите со кои се соочуваат жените од две локални заедници за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и донесување одлуки
А.3 Приоретизација на барањата и потребите на жените од двете локални заедници
А.4 Развој на модел за мобилизација на жените од локалните заедници
А.5 Спроведување кампања за застапување на проблемите и приортитетите на жените од четирите локални заедници
А.6 Мониторинг и евалуација на планирањето и извршувањето на буџетот
Очекувани резултати

Резултат број 1: Анимирани и охрабрени најмалку 40 жени за активно учество во процесите на планирање, буџетирање и на донесување одлуки
Резултат број 2: Утврдени потреби и приоритети со кои се соочуваат жените од две локални заедници
Резултат број 3: Зајакнати капацитети на најмалку 20 жени за граѓанско учество и застапување на проблемите и приоритетите во заедницата
Резултат број 4: Развиен модел за мобилизација на жени од две локални заедници
Резултат број 5: Мобилизирани најмалку 150 жени за учество во теренски акции и акции за застапување
Резултат број 6: Спроведени 4 теренски акции во две локални заедници
Резултат број 7: Прифатени најмалку 2 предлози/мерки за подобрување на квалитетот на животот на жените од страна на Локаните самоуправи на општините Струмица и Босилово (по еден од секоја општина)

Човечки библиотеки

Цел: Да се влијае врз промена на ставовите на младите учесници и преку нив на нивните врсници, семејства и пријатели во нивните заедници преку усвојување на алатката „Човечка библиотека“, како начин за справување со говорот на омраза, стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Проектот го спроведува организација на жени од Струмица во рамки на програмата Еразмус+, КА 105. Партнери: НВО Инфоцентар – Скопје, Свет за сите – Република Бугарија, Обединети Балкани – Република Бугарија и Ескад – Република Турција.
Очекувани резултати:
 
  • Зголемени знаења кај младите луѓе за поимите социјалната исклученост, дискриминација, говор на омраза и злоупотреба на интернет просторот;
  • Зајакнати капацитети кај 25 млади луѓе за застапување на политики против дискриминацијата, социјалното исклучување и против говор на омраза;
  • Развиени компетенции кај 25 млади луѓе за тимска работа, лидерство, комуникација, самозастапување и за личен и професионален развој;
  • Зјакнати интеркултурни компетенции на учесниците, овозможувајќи им да комуницираат и да работат со млади луѓе од различни европски земји;
  • Воспоставена мрежа и партнерства меѓу партнерите и за размена на добри практики

Активности