Нашата мисија

Мисијата на ОЖС е да придонесе кон активно вклучување на жените во сите сфери на општественото живеење.

Кратко за нас

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и речиси триесет години е единствената женска граѓанска организација во Југоисточниот регион на државата која во континуитет работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности, недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата.

OЖС е активна на полето на јавно застапување на политики за активно учество на жените во процесите на планирање и одлучување, на поттикнување, промовирање и застапување на мерки за превенција и заштита од родово базирано насилство, како и на политики за одговорно, транспарентно и отчетно владеење.

Нашите цели

Јакнење на капацитетите на жените за активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики
Промовирање и поттикнување на еднаквите можности, антидискриминацијата и ненасилство врз жените и девојчињата
Мониторинг и промоција на политики на одговорно, транспарентно и отчетно владеење