ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИ ЛИЦА НА КРЕАТИВНИ (АРТ) РАБОТИЛНИЦИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АМАТЕРСКИ ДЕЛА НА ТЕМА САЈБЕР НАСИЛСТВО

Драги млади,
Организација на жени од Струмица, во рамки на проектот „#Сподели, заштити се!“ објавува јавен повик за учество на млади лица на креативни (арт) работилници за изработка на аматерски дела на тема сајбер насилство врз младите.
Кој може да аплицира?
Повикот е отворен за млади девојки и момчиња на возраст од 16 до 25 години, од градот Струмица и населените места во струмичкиот регион.
Избраните десет кандидати ќе учествуваат на три еднодневни работилници за изработка на аматерски цртежи и фотографии за сајбер насилството меѓу младите и за превенција и спречување на истото. Работилниците ќе се реализираат во периодот август – септември 2023 година. Ментор на истите ќе биде професор по ликовно воспитание и образование на високообразовна институција.
Процес на аплицирање
Процесот на аплицирање ќе се врши во два чекори. Најпрво, сите заинтересирани кандидати треба да пополнат формулар за аплицирање. По пристигнување на апликациите, комисиијата ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации. Комисијата е во состав од три члена: професор по ликовно воспитание и образование на Факултетот за образовни науки при УГД „Гоце Делчев“ – Штип, претставник/чка на Организација на жени од Струмица (психолог) и претставник/чка на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ).
Право на учество имаат сите заинтересирани млади лица од струмичкиот регион кои имаат желба да дадат активен придонес во напорите за превенција и спречување на сајбер насилството меѓу младите.
Сите изработени дела ќе бидат објавени на веб страната и Фејсбук страната на Организација на жени од Струмица, како и на завршниот настан на проектот „Младински фест #Сподели – Заштити се!“.
Како да аплицирате
Доколку сте заинтересирани за учество на работилниците, пополнете ги формуларите на следните линкови:
1. Формулар за млади лица на возраст од 16 до 18 години - линк
2. Формулар за млади лица на возраст од 19 до 25 години - линк
Рокот за аплицирање на повикот е најдоцна до 23 јуни 2023 година. Доколку имате прашања во врска со начинот на аплицирање, контактирајте не на следната меил адреса: info@ozstrumica.org.mk 
Проектот „#Сподели, заштити се!“ е имплементиран со поддршка на „СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ регионален проект имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.