Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме

Цел: Да ја поттикне и афирмира интеграцијата на лицата со попреченост во културниот живот во општина Струмица.

Клучни активности:
  • Креативни работилници за глума
  • Работилници за модерен танц
  • Краткометражен документарен филм
  • Премиера на театарска претстава

Резултати:
  • Подобрена комуникација помеѓу лицата со попреченост и децата од основните училишта
  • Зголемени вештини и знаења на 30 млади луѓе за театарската и музичката уметност
  • Одиграна театарска претстава
  • Промовиран и емитуван краткометражен филм за интеграцијата на лицата со пречки во развој во културниот живот во општина Струмица
  • Анимирани претставници на институциите на локално ниво за важноста од вклучувањето на различностите во заеднички акции во зедницата
  • Промовиран и афирмиран процес на инклузија на маргинализираните групи на граѓани
  • Намален степен на предрасуди кај граѓаните за можностите и капацитетите на лицата со попреченост во развојот
  • Зголемена свест кај граѓаните за принципот на еднаквост и еднакви можности

Активни жени – отчетни власти 2

Проектните активности се во насока на зголемување на влијанието на жените во процесите на планирање на локални политики и донесување одлуки.