Човечки библиотеки

Цел: Да се влијае врз промена на ставовите на младите учесници и преку нив на нивните врсници, семејства и пријатели во нивните заедници преку усвојување на алатката „Човечка библиотека“, како начин за справување со говорот на омраза, стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Проектот го спроведува организација на жени од Струмица во рамки на програмата Еразмус+, КА 105. Партнери: НВО Инфоцентар – Скопје, Свет за сите – Република Бугарија, Обединети Балкани – Република Бугарија и Ескад – Република Турција. Очекувани резултати: Зголемени знаења кај младите луѓе за поимите социјалната исклученост, дискриминација, говор на омраза и злоупотреба на интернет просторот; Зајакнати капацитети кај 25 млади луѓе за застапување на политики против дискриминацијата, социјалното исклучување и против говор на омраза; Развиени компетенции кај 25 млади луѓе за тимска работа, лидерство, комуникација, самозастапување и за личен и професионален развој; Зјакнати интеркултурни компетенции на учесниците, овозможувајќи им да комуницираат и да работат со млади луѓе од различни европски земји; Воспоставена мрежа и партнерства меѓу партнерите и за размена на добри практики